relate - онтологија

асоцира повеќе

асоцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поврзе, поврзува во свеста една појава со друга, предизвика, предизвикува асоцијација на нешто.
Албански: asocon, ndrlidhet
Примери:
Жолтата боја асоцира на нешто несакано, а виолетовата асоцира на таинственост.

зароди повеќе

(се) зародат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане род еден со друг.
Албански: lidh, farefisnohet
Примери:
Се зародија со најбогатата фамилија во селото.

однесува повеќе

Види и: однесе (св.)
(се) однесуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
однесе

паѓа повеќе

Види и: падне (св.)
паѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Е во роднински врски.
Албански: bie
Примери:
Мајка му ми паѓа мене стрина.

сроди повеќе

сродат
Вид збор: Глагол, свршен
Преку женидба направи некој да стане роднина некому.
Албански: lidhen
Употреба: Ретко
Примери:
Успеа да го сроди со најбогатата фамилија.